Претходна статија
Пропадна тендерот за проект за изградба на обиколница околу Ресен
Следна статија
По 5 години одлагање, во Штип ќе се работи на нов Генерален урбанистички план

495 станови одобрени за изградба од општините во текот на септември

Објавено на 12.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Инвеститорите од земјава со намален интерес за вложување во изградбата на нови станови на почетокот од есента. Според податоците на Државниот завод за статистика, македонските општини во текот на септември 2018 година издале одобренија за градење на 495 станови, со површина од 43.895 метри квадратни. Притоа, деловните субјекти успеале да се стекнат со градежни дозволи за 293 станови, додека останатите живеалишта низ земјава е планирано да се градат од страна на физички лица.

 

 

Вниманието на инвеститорите во недвижности е првенствено насочено кон изградба на двособни (186) и трисобни станови (160). Како и досега, Скопскиот регион со издадени одобренија за градење на 267 нови станови доминира како регион во делот на вложување во овој вид недвижности. Општина Ѓорче Петров предничи на ниво на целата земја со издадени градежни дозволи за изведба на 204 предвидени станови.

 

Во поглед на целиот градежен сектор, статистичарите пресметале дека во деветтиот месец од годинава биле издадени 219 одобренија за градење, односно за 1,4% помалку во однос на идентичниот период лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 2.051.068 илјади денари, што е 42,6% помалку во однос на истиот период од 2017 година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (59,3%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11%) за објекти од нискоградба и 65 (29,7%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 219 градби, на 149 (68%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 (32%) објекти инвеститори се деловните субјекти.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk