Претходна статија
АЕК годинава со двојно повеќе пари за изградба на Телекомуникациската кула на Водно
Следна статија
Павел Велјаноски е добитник на архитектонската награда „ТИГРИТЕ“

4,6 милиони евра за ревитализација на трансфостаницата „Дуброво“

Објавено на 29.09.2017 во категорија Вести.

 

 

МЕПСО ќе вложи 4,6 милиони евра за ревитализација на 400/110 kv трансформаторска станица „Дуброво“. Во владата денеска беше потпишан договорот со конзорциумот „Сименс и Сискон“, со кој се означи почетокот на ревитализацијата на македонскиот електропреносен систем. „Со проектот за ревитализација ќе ја замениме постојната, која е во функција веќе 40 години, со нова опрема. Оваа трансформаторска станица е срцето на електропреносниот систем и затоа е приоритет во целиот овој проект“ истакна Сашо Василевски, директор на МЕПСО.

 

Рокот за изведба на планираниот зафат е три години. Ревитализацијата на трансформаторската станица „Дуброво“ ќе ја реализира македонско-српски конзорциум, составен од фирмата „Сименс Белград“ од Србија и фирмата „Сискон“ од Македонија. Проектот се финансира од подигнатиот заем од Европската банка за обнова и развој, од грантот од Western Balkans Investment Framework и од сопствени средства на МЕПСО.

 

Денешниот потпишан договор е почеток на реализацијата на најновиот проект на МЕПСО во вредност од 50 милиони евра. Среднорочниот инвестициски циклус предвидува ревитализација на неколку трансформаторски станици, како и изградба на седум нови далноводи и нова трансформаторска станица во Охрид. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешното потпишување на договорот изјави дека владата со денешниот договор ќе започне со агресивна реализација на најавените инвестиции во електроенергетскиот сектор.