Претходна статија
За два месеци треба да заврши санацијата на патот Тетово - Јажинце
Следна статија
Македонскиот транспорт „превезува“ болести и загадување

1,9 милиони евра за проектирање на експресниот пат Штип – Радовиш

Објавено на 19.09.2013 во категорија Вести.

Друштвото за планирање, проектирање и инженеринг „Простор“ од Куманово е избрано како најповолен понудувач за изработка на проектот за изградба на делницата Штип – Радовиш од државниот пат А4. Во наредните 17 месеци треба да се подготви целосната документација за изведба на експресен пат со четири коловозни ленти, кој според најавите ќе треба да ги спои Штип и Радовиш најдоцна до 2020 година. Идејата на Агенцијата за државни патишта е новата патна артерија да се состои од две коловозни ленти со ширина од по 3,75 метри и две помошни ленти со ширина од по 2,5 метри. Во оваа насока, лани беше изработена Студија за оценка на влијанието врз животната средина за овој проект.

 

*Сегашниот магистрален пат Штип – Радовиш

 

 

Агенцијата за државни патишта за изработка на проектната документација издвои финансиски средства во износ од 116.112.000 денари или речиси 1,9 милиони евра. На тендерот со свои понуди учествувале две компании, а договорот со кумановски „Простор“ е потпишан на крајот од август годинава. Засега е непознато колкава ќе биде инвестицијата во овој патен правец, за што е сосема извесно дека ќе треба да се аплицира и кај меѓународните финансиски институции. Огласот за избор на проектант беше распишан на крајот од мај годинава.