Претходна статија
Град Скопје распиша Конкурс за идејно решение за дизајн на урбана опрема
Следна статија
Општина Аеродром бара начин да ја спречи изградбата на деветкатница кај Мајчин Дом

17,4 милиони денари за партерно уредување на објектот на ФДУ

Објавено на 06.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Владината служба за општи и заеднички работи склучи нов договор од 17,4 милиони денари за изведба на партерно уредување на просторот околу објектот на ФДУ и јавна администрација во центарот на Скопје. Изведбените активности треба да се завршат во рок од шест месеци, односно до претстојното лето. Како што се наведува во објавениот договор на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, за изведувач на партерното уредување е избрана фирмата „Гранит“ од Скопје, која што понудила најниска цена на распишаниот тендер од декември 2017 година.

 

 

Заедно со најновиот договор склучен пред две недели, цената на „барокниот“ објект на Факултетот за драмски уметности порасна на околу 1,2 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра. Покрај актерите и професорите, во ова здание од „Скопје 2014“ е планирано да се сместат десетина институции, агенции и други државни субјекти. „Барокната“ зграда се простира на површина од 19.134 метри квадратни.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk