Претходна статија
Прво филтри на оџаците, па потоа „Југохром“ ќе го стартува производството
Следна статија
Нови измени и дополнувања на проектот за Јужниот булевар

12 милиони евра за реконструкција на патот Крива Паланка – Деве Баир

Објавено на 13.10.2017 во категорија Вести.

 

На Јавното претпријатие за државни патишта ќе му биде доделен заем од 12 милиони евра за реконструкција на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, информираат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Кредитот од ЕБОР ќе се искористи за рехабилитација на коловозот во должина од 13,5 километри. Вкупната вредност на проектот за обнова на овој патен правец е 16,4 милиони евра. Додатните средства за реализација на градежниот зафат ќе бидат обезбедени од македонските државни власти. Тендерот за избор на најповолен изведувач ќе следува по одобрувањето на проектот од страна на одборот на ЕБОР.

 

*Постојниот магистрален пат од Куманово до Деве Баир

 

Делницата од Крива Паланка до Деве Баир е дел од паневропскиот Коридор 8. За трасата од 13,5 километри веќе е изготвена проектна документација за реконструкција и рехабилитација на коловозот. Фирмата „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.“ работеше на проектот уште од 2016 година. Реконструираната делница во иднина ќе треба да се надоврзе на планираниот експресен пат од Ранковце до Крива Паланка.